Бајпас операција премостување на стеснети крвни садови

Во групата на ризик-фактори кои зависат од нас се вбројуваат пушењето, дијабетот, дебелината, седечкиот начин на живот, стресот.

Кардиоваскуларните заболувања, a посебносрцевите заболувања и мозочниот удар сена прво место како причинители за смртност и инвалидитет не само во Европа туку и пошироко во светот. Д-р Владимир Емануиловиќ Белостоцки, кардиохирург, вели дека според најновите статистички податоци инциденцата на симптоматска срцева слабост кај популацијата во Европа изнесува од 0.4-2,6%. Коронарните крвни садови што го снабдуваат срцевиот мускул може да бидат стеснати и да доведат до намалено снабдување со крв на истиот (хипоксија), предизвикувајќи страдање на срцевиот мускул (исхемија), што се манифестира со градна болка (ангина). Срцевиот удар (миокарден инфаркт) настанува кога редукцијата на снабдување со кислород е толку лоша што дел од срцевиот мускул умира. Ова може да оди со неманифестна клиничка слика или со тешка клиничка слика.

Ризик-фактори

Ризик-факторите за кардиоваскуларни заболувања може да се поделат на ризик-фактори кои не зависат од нас и ризик-фактори кои зависат од нас. Во групата на ризик-фактори кои не зависат од нас се вбројуваат возраст, пол, раса и фамилијарна анамнеза. Во групата на ризик-фактори кои зависат од нас се вбројуваат пушењето, дијабетот, дебелината, седечкиот начин на живот, стресот.

Што овозможува бајпас хирургијата?

Бајпас хирургијата овозможува премостување на затнатиот дел на коронарните крвни садови со венски графтови земени од друг дел од човековото тело (најчесто вена од потколениците) или, пак, артериски крвен сад мамарна артерија или радијална артерија. Многу фактори влијаат на функцијата на графтовите. Статистички се покажало дека артерискиот графт (arteria mamaria interna IMA) функционира најдолго.

За жал, во телото на човекот има две вакви артерии. Друга алтернатива се радијалните артерии од горните екстремитети, кои иако се артерии временски траат помалку. Од долните екстремитети како графтови се земаат вени. Кај некои пациенти можно е комбинирање со 2 градни артерии (artеria mamaria interna IMA) со кои може да се направат три или повеќе бајпаса. Овие пациенти имаат подобра прогноза поради специјалните особини на градните артерии. За време на операцијата срцето се запира за да може хирургот да работи на него, а пациентот се приклучува на машина за екстракорпорална циркулација, која ја презема работата на срцето и белите дробови за време на операцијата. Дел од крвниот сад се прикачува над и под стеснетата артерија. Кога срцето ќе се вклучи повторно, крвотокот се префрлува преку бајпасот заобиколувајќи го стеснетиот дел на артеријата. Операцијата за аортокоронарен бајпас трае од 2 до 4 часа во зависност од количина и типот на графтови, методата на операција. По интервенцијата хоспитализацијата во просек изнесува 4-5 дена.

Минимално инванзивна бајпас операција

За разлика од класичната операција каде што се отвора целиот граден кош, со минимално инванзивната операција, бајпас се изведува преку мал рез најчесто на левата страна на градниот кош. Преку истиот рез се мобилизира артеријата од градниот кош која ќе служи како бајпас.

Зошто е важно навремено дијагностицирање и третман?

Доцното дијагностицирање и ненавремениот третман на исхмеичната коронарна болест доведува до изумирање на срцевиот мускул во зоната која е исклучена од нормална циркулација и настанување на т.н. левокоморна аневризма. Пациентите обично се со ниска истисна моќ на срцето, чести срцеви попуштања, нетолеранција на напор. На такви пациенти покрај бајпас се прави реконструкција на левата комора со ресекција или пластика на аневризмата. Ако пациентот има придружни болести на срцеви валвули, се решаваат со реконструкција или замена на залисток. Ризикот кај операција со аневризма на левата комора е многу поголем и бара подолг временски период за заздравување на пациентот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!