Зошто пливањето е идеален спорт за секое дете?

Пливањето претставува единствената физичка активност со која треба да се запознае секое дете уште во најраната возраст. Тоа е спорт кој се изведува во вода, и буди убави и среќни емоции кај децата. Насекаде во светот пливањето е задолжителен предмет во основното образование, кој овозможува кај децата да се развијат и усовршат пливачките техники, а воедно и да се оспособат децата сами да се одржуваат на вода.

Пливањето, покрај многуте бенефити што ги нуди, исто така позитивно влијае на здравјето и правилниот развој  на децата:

1. Ја подобрува работата на локомоторниот апарат
2. Стимулира правилна работа на кардиоваскуларниот систем
3. Ја активира и зацврстува целосната мускулатура
4. Овозможува правилен психомоторен развој
5. Ја подобрува координацијата на движењата
6. Буди радост и љубов према водата
7. Спречува појава на деформитети на ’рбетниот столб
8. Овозможува совладување на пливачките техники (краул, грбно, пеперутка и градно).
9. Преку пливањето децата се социјализираат и дружат
10. Штом научат да пливаат, децата имаат самодоверба, тие се дури способни да спасат друг човечки живот, во вода.

Овој спорт претставува култура на современото живеење и воедно е најраспространет во целиот свет. Научете го детето од најмала возраст да ужива во пливањето, да нема страв и траума од водата како средина. Напротив, децата треба да ја засакаат водата и да се чувствуваат среќни и сигурни во неа.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!