КОИ СЕ ЗНАЦИТЕ НА ИНФЕКЦИЈА СО САЛМОНЕЛА?

Салмонелата е честа бактериска инфекција која доминантно го напаѓа интестиналниот тракт. Оваа инфекција се јавува кај повеќе од 500 милиони луѓе во светот на годишно ниво, а нејзината појава зачестува во период на потопло време кога е можна зголемена контаминација на храната од животинско потекло. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира првиот приватен инфективен оддел во земјата во кој по најсовремени методи се третираат сите патологии од инфектологијата. Д-р Патриција Каламарас, специјалист по инфектологија во болницата и шеф на одделот, објаснува за сите детали во врска со оваа болест. Впрочем, салмонелозата е предизвикана од салмонела што е грам-негативна бактерија од групата на ентеробактерии. Постојат повеќе од 2.500 видови групирани како серотипови. Некои од нив се карактеристични за одредени видови животни и птици во одредени подрачја. „Главно три групи серотипови се важни за хуманата популација и се одговорни за инфекција кај луѓето. Тоа се нонтифоидни или салмонела ентеритидис и салмонела тyпхимуриум и тие се најчести причинители за салмонелозна инфекција кај луѓето. Тyпхимуриум најчесто се пренесува преку контаминирана храна од животинско потекло, додека салмонела ентеритидис најчесто се пренесува преку консумација на контаминирани јајца и живина. Тифоидната група, пак, или салмонела тyпхи, предизвикува потешка форма која е проследена со тифоидна треска за која има потреба од антибиотска терапија“, вели д-р Каламарас.

РАЗЛИЧНИ ТИПОВИ, РАЗЛИЧНИ СИМПТОМИ

Симптомите според кои може да се разликува овој тип инфекција од другите варираат, сепак, во зависност од типот на салмонелата. Најчести симптоми се: стомачна болка, дијареа, чувство на гадење, повраќање, треска, температура и главоболка. Симптомите најчесто се јавуваат меѓу осум и 72 часа од консумација на контаминирана храна и вообичаено траат 4 до 7 дена, но искуствено и медицински, инфекцијата може да трае и повеќе недели. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми – тие се асимптоматски. Тие, тврди д-р Каламарас, се всушност и еден од најчестите резервоари и преносители на инфекцијата од човек на човек. „Оваа инфекција може да предизвика симптоми на ревматоиден артритис со генерализирани болки во зглобовите во тек на подолг период кој може да прерасне во хроничен артритис. Има одредена група луѓе што се со висок ризик за развивање на тешка форма. Меѓу нив најчести се децата под 5-годишна возраст, возрасните над 65-годишна возраст, но и имунодефициентните пациенти, пациентите со карцином кои се под терапија или пациенти со дијабетес мелитус“, објаснува д-р Каламарас. Салмонелата е честа бактериска инфекција која доминантно го напаѓа интестиналниот тракт. Оваа инфекција се јавува кај повеќе од 500 милиони луѓе во светот на годишно ниво, а нејзината појава зачестува во период на потопло време кога е можна зголемена контаминација на храната од животинско потекло. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира првиот приватен инфективен оддел во земјата во кој по најсовремени методи се третираат сите патологии од инфектологијата. Д-р Патриција Каламарас, специјалист по инфектологија во болницата и шеф на одделот, објаснува за сите детали во врска со оваа болест. Впрочем, салмонелозата е предизвикана од салмонела што е грам-негативна бактерија од групата на ентеробактерии. Постојат повеќе од 2.500 видови групирани како серотипови. Некои од нив се карактеристични за одредени видови животни и птици во одредени подрачја. „Главно три групи серотипови се важни за хуманата популација и се одговорни за инфекција кај луѓето. Тоа се нонтифоидни или салмонела ентеритидис и салмонела тyпхимуриум и тие се најчести причинители за салмонелозна инфекција кај луѓето. Тyпхимуриум најчесто се пренесува преку контаминирана храна од животинско потекло, додека салмонела ентеритидис најчесто се пренесува преку консумација на контаминирани јајца и живина. Тифоидната група, пак, или салмонела тyпхи, предизвикува потешка форма која е проследена со тифоидна треска за која има потреба од антибиотска терапија“, вели д-р Каламарас.

ПРЕНОС ПРЕКУ КОНСУМАЦИЈА НА КОНТАМИНИРАНА ХРАНА ИЛИ ВОДА

Салмонелата се пренесува најчесто преку јадење контаминирана храна или пиење вода во која е присутен инфектот. Д-р Каламарас вели дека исто така е можен пренос на инфекцијата преку феко-орален пат, преку загадени раце од асимптоматски заболени и клицоносители кои учествуваат во процесот на подготвување храна. „Клиничката слика кај оваа инфекција може да биде со лесна форма, но и со тешка животозагрозувачка состојба најчесто кога инфекцијата ќе ја пробие интестиналната (цревна) бариера и ќе помине во крвотокот што резултира со септична состојба и сепса. Светската здравствена организација (СЗО) не препорачува антибиотска терапија во првите 3 дена од појава на симптомите поради тоа што станува збор најчесто за таканаречено „self-limited disease“, што значи дека организмот сам ја совладува инфекцијата. Неопходно е овие пациенти да се хоспитализираат за да се коригира дехидратацијата со давање инфузија, електролитниот дисбаланс, евентуалната акутна бубрежна инсуфициенција која е честа кај овие пациенти. Антибиотска терапија се препорачува кај ризичните групи, како и кај пациенти кај кои инфекцијата се проширила во крвотокот“, вели д-р Каламарас. МОЖНА ПРЕВЕНЦИЈА При инфекција со салмонела најчесто настапува дехидратација, нарушување на електролитниот баланс, акутно бубрежно затајување, а потешките форми доведуваат до сепса која е животозагрозувачка состојба. Д-р Каламарас вели дека најчесто пациентите се во дехидрирана состојба и неопходно е да се применат инфузиони раствори, пробиотици, електролити. Кај пациентите со тифоидна треска стапката на смртност е многу висока и до 30 отсто. За нив е неопходно веднаш да се почне со терапија, која трае 10 дена, а по потреба и подолго. Докторката објаснува дека за превенција на оваа инфекција е неопходно да се знае дека овошјето и зеленчукот треба добро да се мијат. Храната термички добро да се обработува, да не се консумираат живи јајца, да се употребува хигиенски исправна вода, но и да се прави редовна контрола на персоналот кој е вклучен во процес на обработка на храна за евентуално да не е клицоносител на салмонела.

ПРВ ПРИВАТЕН ИНФЕКТИВЕН ОДДЕЛ ВО ЗЕМЈАВА

Инфективниот оддел во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се отвори со почетокот на пандемијата на ковид-19. Станува збор за прв приватен инфективен оддел во земјава, кој е практично алката што недостасуваше во здравствениот систем во земјава, затоа што дотогаш инфективните пациенти немаа можност да се лекуваат по вакви стандарди со врвна услуга и најискусни специјалисти. Д-р Каламарас вели дека одделот е опремен со најсовремена опрема и нуди целосна безбедност и изолираност. Во одделот се лекуваат сите патологии од инфективните болести меѓу кои: морбили, варичела, рубеола, хепатити, сексуално преносливи болести, мононуклеози, сепса… „Одделот има 12 кревети, идеално е организиран од секој аспект, па овде се третираат повеќе различни патологии. Хоспитализираме наеднаш и по повеќе пациенти затоа што се формирани посебни изолирани единици во кои се лекуваат пациенти кои се високо заразни, како на пример, осипни инфекции, морбили, рубеола – сите висококонтагиозни. Можеме да ги примаме во исто време и да ги лекуваме, при што е апсолутно запазен начинот на изолација. Секој апартман е направен според највисоки стандарди“, вели д-р Каламарас.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!