Симптоми слични на дигестивните проблеми дава и карциномот на црн дроб, кој е шести најчест тип карцином во светот и четврта водечка причина за смрт. За жал, за разлика од другите типови тумори, каде што зачестеноста се намалува, фреквенцијата на карцином на црн дроб се зголемува во последните десет години.
Главни причинители за негова појава се цирозата и болестите што доведуваат до неа, како што се вирусниот хепатитис Б и Ц и замастен црн дроб.
Заболените најчесто имаат симптоми на непријатно чувство проследено со кисел вкус во устата, отежнато и болно голтање и чувство на жарење во градите кое се шири кон усната празнина, подуеност, гадење и повраќање, кое е безопасно. Затоа е важно да се предупредат за потенцијалните опасности и скриени симптоми, бидејќи карциномот на црн дроб многу тешко се препознава.
Симптомите честопати воопшто не се појавуваат во раните фази на болеста, а кога ќе се појават, важно е да побрзо да се реагира, бидејќи од тоа може да зависи животот. Симптомите кои лесно се помешаат со дигестивни проблеми се: чувство на слабост и изговорот „како да сте болни“, болка во горниот десен дел од стомакот или во десното рамо, симптоми на варење како што се брзо чувство на ситост по неколку каснувања и видно надуен стомак без разлика дали штотуку сте јаделе нешто или не.
Други, помалку познати и поретки симптоми се:
- губење на тежината (повеќе од 5 проценти од нормалната телесна тежина за 6 до 12 месеци)
- жолтеникава боја на кожата и очите
- хроничен замор
- чешање на кожата
- темна урина и бледа или крвава столица
- абдоминална болка и оток
- губење на апетит
- грутка на десната страна на абдоминалната празнина
- општа малаксаност или симптоми слични на грип
Присуството на овие симптоми не мора да значи дека имате карцином на црниот дроб или дека сте сериозно болни, но ако тие траат повеќе од две недели, треба да се јавите кај вашиот доктор.
Како се поставува дијагнозата?
Карциномот на црниот дроб е почест ка машката популација, отколку кај жените, а ризикот се зголемува со возраста. Дигестивните хирурзи од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објаснуваат дека поради големината на овој орган и неговите компензаторни механизми, голем број на болести на црниот дроб не дава симптоми во рана фаза и најчесто неговите промени се детектираат при ултразвучен преглед.
Дијагнозата и степенот на оштетување на црниот дроб се клучни за соодветен третман. Најчести дијагностички постапки се лабораториски анализи со кои се проценува функцијата на црниот дроб. Исто така, се препорачува да се направи компјутерска томографија, магнетна резонанца или ехо на абдомен со кои може да се дијагностицираат оштетувањата на црниот дроб. Во дијагностицирањето на болестите се препорачува и биопсија, каде со тенка игла се зема примерок од ткивото на црниот дроб, кој потоа се анализира во лабораторија.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на одделот за дигестивна хирургија интервенциите ги изведуваат докажани експерти од оваа област, а одделот се вбројува во високо референтните центри за комплетна хирургија на панкреас и црн дроб. Врвните професионалци со долгогодишно искуство ги изведуваат и најкомплицираните дигестивни интервенции, со минимално инвазивен пристап (мал рез) со што се овозможува побрзо заздравување, пократок болнички престој и елиминирање на можноста за постоперативни компликации.