Хранливи вредности на јајцето

Јајцата се толку хранливи што многу често се нарекуваат и „мултивитамин на природата“. Содржат антиоксиданси и моќни нутритиенти, кои се храна за мозокот. Изобилуваат со витамини, минерали, висококвалитетни протеини, добри масти и хранливи материи. Едно големо јајце содржи

  • 9% од дневната препорачана доза витамин Б12
  • 15% од дневната препорачана доза витамин Б2
  • 7% од дневната препорачана доза витамин Б5
  • 6% од дневната препорачана доза витамин А
  • 22% од дневната препорачана доза селен

Содржат и мали количини на речиси секој витамин и минерал кој му е неопходен на човечкото тело вклучувајќи калциум, железо, калиум, цинк, манган, витамин Е, фолат… Едно големо јајце содржи 77 калории, 6 грама протеини, 5 грама маснотии.  Битно е да се знае дека сите хранливи материи се содржани во жолчката, белката содржи само протеини.

Важни за растот на децата

Се смета дека доколку на децата им се дава секој ден варено јајце, во временски период од шест месеци, а притоа да се внимава на внес на шеќери ќе се овозможи правилен раст и развој во висина и ќе се спречи заостанувањето во раст.

Дилеми за холестеролот

Со години јајцата се сметаа за ризик по здравјето. Тоа е затоа што се сметаше дека предизвикуваат висок холестерол, па на луѓето со високо ниво на холестерол им се советуваше да ги избегнуваат. Денес се знае дека холестеролот кој се наоѓа во храната има многу помало ниво на холестеролот во крвта, за разлика од количините на заситени масти што ги јадеме. Ако вашиот матичен лекар ви советувал да го редуцирате холестеролот во крвта, најдобро е да се воведе овошје, зеленчук и влакна, а да се намали внесувањето шеќер и рафинирани јаглехидрати. Ако сте загрижени поради високиот холестерол, најдобро е да се посоветувате со својот лекар.

Јајцата се богати со неколку хранливи состојки кои помагаат кај здравјето на срцето како што се бетаин и колин. Неодамнешно истражување сугерира дека консумирањето едно јајце дневно може да го намали ризикот од срцеви болести и мозочен удар, иако експертите нагласуваат дека јајцата мора да се консумираат како дел од здрав начин на живот за да бидат корисни.

За време на бременост и доење посебно е важно адекватно внесување колин затоа што е неопходен за нормален развој на мозокот.

Битни за коските

Јајцата се корисен извор на витамин Д, кој помага во заштита на коските, спречува остеопороза и рахитис. Многу е важно јајцата мудро да се купуваат затоа што од тоа зависи количината на витаминот Д. Не е сеедно дали се работи за слободно, органско одгледување или затворено производство на јајца. Би требало да бидат вклучени во здрава и балансирана исхрана, а добри се за појадок затоа што висок дел белковини помагаат подолго да се чувствуваме сити.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!