Што го поттикнува прекумерното потење

Секој човек различно ги ослободува вишокот токсини преку потењето. Одредени луѓе се потат премногу дури и при лесна физичка работа, други, пак, воопшто не се потат и по возење со велосипед или тренинг. Прочитајте што го предизвикува потењето и како да го намалиме прекумерното потење. 

Секој човек различно ги ослободува вишокот токсини преку потењето. Одредени луѓе се потат премногу дури и при лесна физичка работа, други, пак, воопшто не се потат и по возење со велосипед или тренинг. Прочитајте што го предизвикува потењето и како да го намалиме прекумерното потење. 

 

Топлина и влага

Преку потењето се регулира оптималната температура на телото. Кога температурата ќе се зголеми, се активираат потните жлезди кои ја испуштаат потта преку порите. Со испарување на потта, телото се лади. Еден дел од потта не испарува толку брзо, особено во денови кога има голема влажност на воздухот, па затоа стои залепена на вашето тело.

Не можете да го сопрете потењето бидејќи тоа е природен процес на организмот. Но, доколку се потите повеќе од вообичаено, тогаш користете антиперспирант кој го блокира потењето и помага во спречување на непријатниот мирис на телото.

Напорно вежбање

Кога вежбате се загрева телото и се зголемува телесната температура. Тоа е и причината за прекумерното потење преку кое телото ја нормализира температурата. За да го избегнете прекумерното потење, вежбајте во ладна просторија или пак доколку вежбате надвор, правете го тоа рано наутро или доцна попладне кога се пониски температурите. Кога се потите премногу, губите вода, па задолжително е внесување течности пред, за време и по вежбањето.

Силни чувства

Дали сте знаеле дека и чувствата може да бидат причина за потење? Ваквото емоционално потење ги активира потните жлезди на дланките, под пазувите и на стапалата. Затоа ги чувствувате дланките влажни кога ќе го видите човекот што ви се допаѓа или за време на интервју за вработување. 

Топла и зачинета храна

Зачинетата храна подеднакво исто реагира на рецепторите на кожата како и топлата храна. Сте забележале додека јадете луто дека одеднаш ви доаѓа и топлина во телото. Дури и утринското топло кафе може да предизвика потење бидејќи кофеинот ги стимулира потните жлезди.

Настинка и треска

Високата температура е одговор на телото како резултат на инфекција. Кога имате висока температура, телото се поти за да ја регулира и да ја врати во нормалните вредности. Но, треската не е единствена причина за потење. Различни болести, како дијабетес, ангина, канцер, може да предизвикаат зголемено лачење на потните жлезди.

Никотин

Причина плус да прекинете да пушите е тоа што никотинот го поттикнува потењето. Тоа е затоа што вдишувањето на никотинот предизвикува телото да ослободи хемикалија наречена ацетилхолин, која ги стимулира потните жлезди. Откажувањето на цигарите е најдобра опција за овој проблем.

Бременост и менопауза

Промената на нивото на хормоните и зголемениот проток на крв за време на бременост е причина за често потење и топол бран низ телото кој го опишуваат бремените жени. Во менопауза, причина за истите симптоми е намаленото ниво на естроген.

Лекарства

Некои лекарства, како што е ибупрофен, кој помага во намалување на висока температура може да предизвика потење. Други лекови кои предизвикуваат поголемо лачење на потните жлезди се некои антидепресиви, лекови за регулирање крвен притисок и лекови за дијабетес. Разговарајте со вашиот лекар за ова несакано дејство и за можни опции за промена на лекарствата.

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!