Корисни совети за систематски преглед кој можете да го направите дома за една неполна минута
Погледнете ги очите
Белката во окото може да ви каже многу работи поврзани со вашето здравје. Таа мора да има бела боја, а црвенилото го предизвикуваат ситните капилари кои поради одредени причини се шират и стануваат видливи. Но, белката може да стане жолтеникава. Потрудете се седум дена по ред да ја набљудувате белката на дневна светлина. Доколку бојата се менува, тогаш причината може да биде напор, алергија или различни иритации и тогаш е време да побарате помош од офталмолог.
Четка за коса
Губењето коса може да биде показател на широк спектар промени кои му се случуваат на организмот. Дикîлку на четката забележите повеќе влакна од вообичаено, детално исчистете ја и на наредното чешлање пребројте ги влакната. Доколку изгубите повеќе од 150-200 влакна или забележите перчиња на четката, веднаш посоветувајте се со лекар.
Издувајте го носот
Нормалното дишење на нос ни укажува на фактот дека е здрава слузокожата. Но, и најмала промена во организмот може да ја промени оваа состојба. Издувајте го носот во бело хартиено марамче. Доколку ништо не исфрлите, вашата слузокожа е здрава. Ако исфрлите прозирна течност, најверојатно се работи за иритација, промена на температурата или алергија. Жолтата или зелената течност може да укажува на некаков вид воспаление кое би требало да се следи. Можеби е време да посетите оториноларинголог?
Нокти
Здравиот нокот треба да биде цврст и прозирен, а каква било промена на неговата површина може да укажува на здравствени проблеми. Секој нокот прегледајте го детално и обрнете внимание на евентуалните промени. Белите дамки укажуваат на недостиг на витамини и минерали во организмот, жолтата боја укажува на габични заболувања. Доколку забележите слична боја, бидете внимателни, а ако состојбата се вложува побарајте помош од доктор.
Погледнете ја урината
Нормалната урина треба да биде бистра, со светло-жолта боја. Но, промените во урината можат да бидат предизвикани од разни фактори, од типот на храна, пијалаци и здравствени нарушувања. За промените во бојата и мирисот, задолжително посетете лекар.
Прегледајте ја кожата
Детално прегледајте ја кожата и тоа од лицето и вратот, па сé до стапалата. Доколку забележите какви било необични промени или нови бенки, дамки или депигментација, побарајте совет од дерматолог.