10 корисни совети пред да заминете на пат


Со секое патување ја менуваме животната средина и сето тоа е поврзано со одредени ризици по здравјето. За да уживате во летниот одмор треба претходно да се подготвите. Информирајте се за можните ризици по здравјето кои можат да се случат. Во прилог ви даваме неколку корисни совети пред да заминете на пат:

1. Без разлика каде патувате, секогаш понесете здравствено осигурување кое ќе ги покрие трошоците за евентуално лекување (медицински третман во случај на незгода, болничко лекување).

Со секое патување ја менуваме животната средина и сето тоа е поврзано со одредени ризици по здравјето. За да уживате во летниот одмор треба претходно да се подготвите. Информирајте се за можните ризици по здравјето кои можат да се случат. Во прилог ви даваме неколку корисни совети пред да заминете на пат:

1. Без разлика каде патувате, секогаш понесете здравствено осигурување кое ќе ги покрие трошоците за евентуално лекување (медицински третман во случај на незгода, болничко лекување).

2. Консултирајте се со епидемиолог за тоа кои вакцини треба да ги примите пред да тргнете на патување. Поради климатските и други карактеристики на секоја земја, има зголемен ризик од некои заразни болести. Тоа се групи на цревни заразни болести и болести предизвикани од контакт со животни и инсекти. Според Светската здравствена организација, пред да патувате во некоја земја потребно е да се вакцинирате и да добиете потврда за тоа.

3. Ризиците од патување се поголеми за – деца, бремени жени, постари лица, инвалиди и оние кои страдаат од хронични болести. За овие патници потребни се и совети во врска со нивната здравствена состојба. Пожелно е да понесете со себе една кратка медицинска историја.

4. Доколку земате терапија, со себе покрај лековите понесете и читливо испечатена медицинска препорака за генеричкото име на лекот, дозата, како и кратка историја за болеста.

5. Сите лекови кои ги носите ставете ги во вашата чанта за да ги имате покрај себе во секој момент.

6. Внимателно со сонцето! Доколку вашата дестинација е поблиску до екваторот, тоа значи дека сонцето е со поголем интензитет, а со тоа и поопасно.Сончевите зраци се рефлектираат на вода и песок, а со тоа се зголемува интензитетот на зрачењето. Најдобра е тројна заштита. Користете средства за сончање со висока УВ заштита, пожелно е да ги нанесете еден час пред да излезете на сонце. Правете го тоа почесто во текот на сончањето. Никогаш не се сончајте долго, особено во попладневните часови. Изложените делови од телото (глава, раце и рамена) заштитете ги со соодветна облека. Особено обрнете внимание малите деца да имаат капа, долги ракави, панталони и висока заштита од УВ зраци.

7. Внимавајте каква вода пиете за време на патувањето. Најдобро е да се пие флаширана вода. Конзумирајте алкохол во умерени количини поради можноста од дехидрација.

8. Бидете внимателни со храната.

9. Внимавајте на сексуално преносливи болести. Примената на латекс кондоми го намалува ризикот од сексуално преносливи болести и е ефикасна мерка за лична заштита (најдобро да си понесете со вас бидејќи можеби ги нема во земјата во која патувате, или нивниот квалитет се разликува)

10. Побарајте информации за здравствените услуги во земјата која ја посетувате.

Мерки на претпазливост при враќање

За ваша безбедност и безбедноста на вашето семејство, како и на целата земја, потребно е, а и со закон задолжително, откако ќе се вратите од патување да се пријавите на преглед кај надлежните епидемиолози. Доколку имате зголемена телесна температура, од три месеци до една година по враќање од ендемски области на маларија (земјите на тропските и суптропските области) веднаш да се јавите на лекар!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!