1. Избегнувајте јадења со сол
Задржувањето на водата може да доведе до отекување на очните капаци затоа обидете се да го намалите внесувањето сол и да избегнувате кафе затоа што тие можат да ја зголемат дехидратацијата. Доколку сте ја пресолиле вечерата, голема е веројатноста дека ќе се разбудите со потечени очи.
2. Контролирајте ги алергиите
Висока температура или сезонски алергии може да предизвикаат да ви солзат очите, а со тоа и да потечат. Настинките, инфекциите и воспалените синуси се виновниците исто така. Но, доколку ги контролирате алергиите, посетувате алерголог и ја земате препишаната терапија, може да се смири течењето на носот и подуеноста на очите.
3. Одберете идеална позиција за спиење
Дали сте спанко кој спие странично или на стомак? Верувале или не, и од позицијата на спиење зависи дали ќе се разбудите со потечени очи. Гравитацијата предизвикува течноста да се собере под очите. Затоа, обидете се да спиете на грб и додадете уште една перница под главата.
4. Отстранете ја шминката од лицето
Пред да одите на спиење задолжително извадете ја шминката бидејќи таа може да ги иритира очите. Измијте ја кожата добро со сапун и вода.
5. Внимателно со алкохолот
Една чаша вино е во ред, но не претерувајте. Алкохолот може да ве дехидрира и да ја ослабе чувствителната кожа околу очите. Доколку претходната вечер сте консумирале алкохол, пред спиење пијте вода и нанесете крема за околу очи.
6. Заштитете ги очите од UV зрачења
Предолго изложување на сонце може да ја оштети кожата околу очите и да се појават брчки. Затоа кога се изложувате на сонце користете крема за сончање, очила за сонце, капа.
7. Откажете се од пушењето
Сакате уште една причина за да престанете да пушите? Пушењето може да ја исуши и ослабне вашата кожа, што ќе предизвика појава на брчки.
8. Ставете ладни облоги
Ладната облога на вашите очи може да ја намали подуеноста околу очите. Обидете се со ладни лажички, парчиња краставица или кесичка од чај од камилица.
9. Користете крема за околу очи
Обидете се со производи кои се наменети за намалување на отокот и подуеноста околу очите. Добар избор се кремите богати со ретинол.
10. Користете шминка
Ако имате темни кругови околу очите или потечени подочници, ставете шминка и коректор. Изберете ја онаа шминка која одговара на тонот на вашата кожа. Шминката нанесете ја со лесно тапкање.