1. Како ќе се справите со стресот, така и ќе се чувствувате. Кога ќе му го најдете вистинското место на стресот тогаш успешно ќе го регулирате и крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Одберете ја правилната техника за смирување со стресот.
2. Следниот пат кога ќе бидете пред нервен слом земете гума за џвакање. Истражувањата покажуваат дека џвакањето ја намалува анксиозноста, а ритмичкиот чин на џвакање може да го подобри протокот на крв во мозокот. Мирисот и вкусот на гумата за џвакање можат да ве релаксираат и опуштат.
3. Поминувајте време на отворено, па дури и во близина на вашиот дом. Пешачете, одете, џогирајте. Само неколку минути активност можат да го намалат стресот.
4. Насмевнете се! Во време кога сите се под притисок, стрес и брзање – насмевнете се. Вистинската насмевка го намалува стресот.
5. Одредени мириси, како на пример лавандата може да ве смират. Во едно испитување дел од медицинските сестри носеле на својата облека закачени кесички со лаванда, додека останатиот дел не. Сестрите кои имале лаванда покрај нив биле посмирени и порелаксирани во однос со другите.
6. Слушајте музика, таа ќе ве смири. Едно истражување покажало дека луѓето кои слушале музика имале помали нивоа на хормонот на стрес кортизол.
7. Седнете релаксирано, опуштете се, дишете длабоко преку носот, ширете го стомакот. Издишете пополека и повторувајте. За најдобри ефекти дишете релаксирано околу 10 минути.
8. Во секој момент низ главата ни поминуваат многу мисли. Но, поголем дел од нив нека бидат позитивни. Понекогаш е добро да разговарате сами со себе и да си велите „сè ќе биде в ред“ или „јас знам како да се справам со ова“.
9. Изнесете ги вашите чувства на хартија или во компјутер. Едноставно на овој начин ќе се ослободите од нив.
10. Разговарајте со пријателите тогаш кога мислите дека за вашиот проблем нема решение. Можете да разговарате со пријателот кој го има истиот проблем.