1.Бидете задоволни
– Доколку не сте задоволни од она што веќе го имате, тешко дека некогаш ќе бидете среќни. Поставете си реални цели и бидете среќни со своите достигнувања.
2. Бидете оптимисти
– Луѓето кои размислуваат оптимистички и го гледаат светот низ розови очила се многу посреќни. Ако имате проблем, поделете ги своите чувства со некого, размислете дали постои позитивна страна во приказната и ќе се почувствувате подобро.
Запомнете, вие одлучувате како ќе гледате на работите – дали чашата е половина полна или половина празна.
3. Живејте за денеска
– Најлошото што можете да го направите за себе е да живеете во минатото и да жалите за работите кои сте требале поинаку да ги направите. Исто така, не сонувајте за совршена иднина која не постои и не се грижете за работите кои сè уште не сте ги оствариле.
4. Не анализирајте премногу и избегнувајте да се споредувате со другите
– Амбицијата е здрава и ги прави луѓето среќни, но од друга страна, зависта ги прави несреќни. Доколку се споредувате со другите, тоа може негативно да влијае врз вас. Единствената личност со која треба да се споредиш си токму ти, каков си бил, а каков си сега.
5. Бидете љубезни
-Доколку несебично помогнете некому, тоа е одличен начин да се чувствувате подобро.
6. Одржувајте ги пријателствата
-Најсреќните луѓе се оние кои имаат длабоки и искрени пријателства. Одржувајте ги пријателствата со луѓето што ви значат.
7. Стратегии за различни проблеми
-Направете стратегии за справување со различни проблеми. Бидете секогаш подготвени и користете го целиот арсенал со кој располагате.
8. Научете да простувате
-Чувството на омраза внатре во вас делува негативно на вашата благосостојба.
9. Вкусете ја радоста на живеењето
-Никогаш нема да доживеете длабока среќа доколку не го намалите темпото за миг и да поуживате во среќата или во работи што ве прават среќни.
10. Водете сметка за вашето тело
– Грижата за вашето тело и изглед ќе ве направи посреќен отколку да размислувате какви треба да бидете.