Низок крвен притисок – Хипотензија

sistina

Многу често се зборува за последиците од високиот крвен притисок, а речиси воопшто за нискиот притисок. Ова е резултат на тоа што од низок притисок не се умира, но може да го наруши квалитетот на живот. 

Тоа е честа појава на помлада возраст и подоцна со возраста, како крвните садови ќе ја губат еластичноста вредностите на крвниот притисок постепено се покачуваат. Доколку нискиот крвен притисок е следен со одредени симптоми, или ако нормално крвниот притисок е повисок и дојде до нагло, неочекувано намалување на вредностите за повеќе од 20 ммХг, тогаш треба да преземете одредени мерки. Ваквата состојба може да укажува на недоволен проток на крв низ виталните органи и може да е знак на одредени сериозни заболувања.

Колку вода ни е потребна во текот на денот?

sistina

Колку вода внесуваме во текот на денот и  како тоа може да влијае врз нашето здравје?

Водата ја регулира телесната температура, ги пренесува хранливите материи и кислородот и помага во исфрлувањето на токсичните материи од телото. Сепак, повеќето од нас не ја земаат потребната количина вода во текот на денот. Еве неколку совети како да останете хидрирани во текот на денот, посебно во летниот период.