Како пилатесот може да ми помогне во бременоста
,,Вежбање? Сега кога сум бремена? Мора да се шегуваш!!! Ова е време во мојот живот кога можам да јадат колку што сакам и да не се грижам како изгледам!,, Нема ништо лошо во оваа изјава, но сигурно постои простор за нешто поинакво.
Може ќе ве изненади фактот дека пилатесот е една од најпогодните активности за време на бременоста. Размислите за тоа: Пилатесот работи преку зајакнување на централното јадро на телото, каде стомачните мускули работат во синергија со грбот и карлицата. За време на бременоста со пилатесот ќе се чувствувате поудобно, ќе го скратите вашето време на пораѓање и ќе се вратите во фит форма по породувањето многу побрзо. Пилатесот ќе го подобри вашето дишење, ќе ви ги олесни болките во грбот и ќе ве направи пофлексибилни.