Храната игра клучна улога за менталното и физичкото здравје на децата
Секое дете ја носи семејната генетика во себе. Ако мајката или таткото, а понекогаш и обајцата, имаат некоја генетска мутација, постои можност слична состојба да се појави и кај децата. На пример, идентификувани се преку 103 гена за коишто се смета дека предизвикуваат аутизам. Она што најмногу привлекува внимание се некои генетски мутации кои се идентификувани само кај детето, но не и кај другите членови на семејството, што значи дека се стекнати.
Зошто е важно да внесуваме витамин Е?
Витаминот Е е еден од најдобрите антиоксиданси за нашиот организам, кој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Функцијата на слободните радикали е да ги оштетува клетките и ткивата во организмот и со тоа да го забрзува процесот на стареење и појавата на болести, како што се кардиоваскуларните и малигните заболувања.
Топ 5 прегледи за жени над 50 години
Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на многу заболувања уште пред појавата на првите знаци или симптоми на болест. Превентивните прегледи водени од искусен лекар и насочени индивидуално, според вашите лични карактеристики – пол, возраст, медицинска и фамилијарна историја, можат да откријат одредени ризик фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања кои ви се закануваат. Во овој број ви препорачуваме 5 скрининг тестови за жени над 50-годишна возраст кои ќе ви помогнат да ги откриете болестите навреме бидејќи раната дијагноза може да ви го спаси животот.
Вегетаријански рецепт – Боранија со нане и фета сирење
Потребни состојки :
– 500g боранија
– 3 лажици маслиново масло
– 4 лажици сечкано нане
– кора од 1 лимон
– сок од 1 лимон
– 1/2 чаша фета сирење
– малку сол и бибер
Која е причината за појавата на акните?
Акните се многу честа појава. Повеќето од луѓето се соочуваат со овој проблем во одреден степен, но, сепак, акните најчесто се јавуваат кај тинејџерите како резултат на хормоналните промени. Акните можат да бидат благи, умерени или сериозни. Третманот на акните се разликува во зависност од степенот на интензитет.