Неколку совети како безбедно да летувате ако имате срцево заболување

Лето! Летни одмори! Како да се соочиме со нив!
Пациентите кои имаат срцеви заболувања, особено новооткриените во овие моменти чувствуваат страв и често се прашуваат што е препорачливо за нив?
Кога надворешната температура ќе се покачи над 30 степени целзиусови, особено во услови на висока влажност на воздухот треба да бидеме внимателни.

Болката наречена Ишијас

sistina

Сигурно сте ги слушнале постарите како велат „ме врти ишијасот“. Всушност се работи за повреда на најдолгиот нерв во организмот – ишијадичниот.

Доколку имате болки во долниот дел од грбот, болка во колкот, задната страна на натколеницата и по должината на целата нога, може да бидат најверојатен сигнал дека имате ишијас. Вообичаено овие луѓе имаат и трнење на потколеницата. Ако се работи за поголем притисок или повреда на нервот, тогаш се јавува и слабост на одредена група мускули. Многу често пациентите имаат и грчеви во потколеницата.

Сте ја победиле битката со канцерот?

Доколку сте го победиле канцерот, треба да прославите. Но, она што многу лица кои се излекувале не го знаат е дека 25 % од луѓето кои преживеале некаков карцином подоцна во животот развиваат метастази на мозокот. Овие мозочни метастази не потекнуваат од мозокот туку се всушност канцерогени клетки од првичниот тумор кои преку крвта патуваат до мозокот. Според докторите, оваа состојба се нарекува метастази во мозокот.

Подгответе се за здрава бременост

sistina

Дури и во моментот пред да се обидете да забремените, добро е да почнете да преземате превентивни чекори кои ќе влијаат позитивно на здравјето на вашето идно бебе. Најпрвин започнете со внесување на 400 микрограми фолна киселина дневно. Фолната киселина може да се најде во зелената салата, цитрусните плодови и гравот, додека некои жени земаат таблети со цел да ги задоволат потребните количини. Фолната киселина помага во превенцијата од сериозни нарушувања на плодот уште пред да забремените.