Водата ги чува бубрезите

Ако внесувате доволна количина течности во текот на денот, од два до три литри, можете да го зачувате здравјето на вашите бубрези. Недоволниот внес на течности стимулира лачење на хормонот вазопресин, кој може да доведе до воспаление на бубрезите.  Овој хормон дејствува преку V2 рецепторите и доведува до развој на различни заболувања на бубрезите и покачување на крвниот притисок.

Како утрата да ви бидат убави, а подготовката за на работа забава место мака?

sistina

Секој од нас се лути кога наутро ќе нè разбуди будилникот, а тоа значи дека е време да станеме од креветот и да почнемеда се подготвуваме за на работа. Како да си го олесните овој процес? Еве неколку трикови како да си ги разубавите утрата, а подготовката за на работа да ви стане забава.

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка или други вирусни инфекции. Но, не треба да ги занемарите бидејќи може да бидат и симптом на сериозно заболување како што е тумор.

Зошто да јадете бамја?

sistina

Бамјата е богата мешунка која изобилува со растителни влакна кои се битни за одржување на здравото ниво на холестерол во крвта.

Таа содржи разни витамини и минерали, особено витамини од групата Б, како што се фолната киселина, витамин Б1, Б2, а особено и витамин Б6 (една просечна порција бамjи содржи 10% од потребните дневни потреби на витамин Б6). Бамјата содржи полисахариди што го подобруваат протокот на крвта и делуваат стимулативно. Таа е преполна со антиоксиданти, а особено со епоикатехин, катехин, рутин и кварцетин. Рутинот им обезбедува цврстина на малите крвни садови, а кварцетинот е добар за дишните патишта.

Аларм – Крв во измет

Стресот, неправилната исхрана, надополнети со генетските фактори и секојдневниот брз ритам на живот придонесоа за вистинска „епидемија” на карцином на дигестивниот систем, посебно на дебелото црево.Прв аларм за присуство на ова заболување е појава на крв во изметот. Но,секое крвавење во изметот не значи и тумор на дебелото црево. За навремено откривање на ова сè почесто заболување од голема важност се  редовните превентивни прегледи за кои, за жал, луѓето немаат навика.

Масната храна води до појава на карцином на простата

Истражувањата потврдиле дека исхраната во која има зголемено количество маснотии може да придонесе за појава на карцином на простата, бенигна хиперплазија и простатитис. Освен битните ризични фактори кои ги препишуваме на животниот стил – пушењето, алкохолот и намалената телесна активност, голема улога во развојот на малигните заболувања има и исхраната.

Доењето и забите на вашето малечко

Често се велеше дека доењето (особено навечер, пред легнување) може да предизвика расипување на забите. Интересен е фактот дека пред  да почнат да се користат шишенцата, расипувањето на забите кај  бебињата било многу поретка појава. Според резултатите од едно  истражување, доењето не предизвикува расипување на забите.

Заблуди за акните

Акните се појавуваат поради нечистотија. НЕTOЧНО

Акните не се поврзани со нечистотијата. Ако размислуваме така, тоа би значело дека со чистење на кожата нема да се предизвикаат никакви иритации.
Акните се заразна инфекција. НЕTOЧНО
Акните не се заразна и инфективна болест. Тие играат улога во формирањето на бактерии кои веќе претходно биле присутни на кожата.