Туширање со топла или со ладна вода?
Туширањето е основен дел од телесната хигиена. Некои луѓе сакаат да се тушираат со топла, додека некои со ладна вода. Придобивки имаат и едните и другите! Еве неколку објаснувања како оваа секојдневна навика влијае на вашето здравје.
Длабока венска тромбоза
Длабока венска тромбоза е заболување со кое секојдневно се соочуваат многу луѓе, а не е за потценување ни стапката на смртност. Станува збор за згрутчување на крвта кое се развива во некоја поголема вена, најчесто длабоко во долниот дел на ногата или бутот. Опасноста е во тоа што грутката од крв (тромбот) во вената може да се одвои од ѕидовите на самата вена и со помош на циркулацијата на крвта да допатува до белите дробови, и да предизвика затнување на крвен сад, а со тоа и оштетување на органот или смрт.
4 состојки за здрави коски
Со желба да ги зацврстат мускулите и да направат „тоблероне“ стомачни, некои луѓе забораваат што имаат под мускулите, забораваат на коските.
Коските се потпорната структура која го држи телото исправено па затоа особено внимание треба да се обрнува на нивното здравје. Слабата густина на коската и остеопорозата се едни од најчестите здравствени проблеми со кои луѓето се соочуваат во староста. Затоа, постојано треба да се внимава на нив и преку разните активности и здравата исхрана да се одржуваат.