Што е ехокардиограм?
Ехокардиограмот се користи со цел да се направи проценка на целокупната функција на срцето. Со ехо тестот се испуштаат високофреквентни звучни бранови (ултразвук) кои се изведуваат со помош на специјална сонда која се поставува на градите. Резултатите за работата на срцевите валвули и комори веднаш се отчитуваат на монитор. Ехото најчесто се изведува во комбинација со доплер ултразвук и доплер во боја со цел да се пресмета дотокот на крв во срцевите валвули.