Стомачни проблеми за време на патувањето

sistina

Кога патуваме, без оглед на тоа дали сме заминале на еднодневен пикник или, пак, на годишен одмор сме изложени на здравствени ризици. Вирусни или бактериски инфекции, но и од нечиста вода или храна, лоша хигиена на рацете, капењето во загадена вода се причини кои предизвикуваат проблеми со стомакот и честопати можат да ни го расипат летниот одмор. Флашираната вода и проверената храна се гаранција за летување без главоболки.

Неколку факти за ракот на белите дробови

Ракот на белите дробови е водечка причина за смртност споредено со  другите карциноми. Ова е еден од најподмолните малигни тумори бидејќи симптомите се јавуваат кога болеста е во поодмината фаза, кога и шансите за излекување се помали.  Најголема причина за развој на овој карцином е пушењето. Во светот секоја година се откриваат 1 200 000 нови случаи од оваа болест, од кои 1 000 000 умираат.

Добрите страни на магдоносот

sistina

Многумина не го сакаат магдоносот, но сигурно  тоа е така бидејќи сè уште не ги чуле добрите страни и позитивните ефекти од него. Се користи уште од минатото заради своите лековити својства и е многу повеќе од декорација.  Нема високо-калорична вредност, но е исклучително богат со минерали и витамини.

Уринарната инконтиненција може да се лекува

Уринарната инконтиненција е неконтролирано испуштање на урината од мочниот меур. Доколку зачестено уринирате или имате зачестени нагони за мокрење, веднаш јавете се на доктор. Состојбата може да се излекува полесно отколку што можете да замислите!

Вежбајте пилатес

Пилатес вежбите го релаксираат човековиот ум поради совршениот начин на кој се осмислени и групирани, го нормализираат крвниот притисок, го намалуваат стресот. При тоа, тие воопшто не претставуваат макотрпна техника која предизвикува замор и болка.

Кога ви е потребен скрининг за карцином на матка?

Најновите истражувања во врска со скринингот за карцином на матка велат дека жените под 21 година не треба да прават никакви испитувања за карцином на матката бидејќи параметрите на тестовите, меѓудругото, се базираат на сексуалната активност на жената.

Како правилно да ја одржувате оралната хигиена?

Вашата насмевка зависи од едноставните навики за хигиена на забите, како што се четкањето со паста и чистење со забен конец. Но, дали употребувате правилна техника? Следете ги овие чекори за да го заштитите оралното здравје.

Правилно четкање на забите

Оралното здравје започнува со чисти заби. Затоа во прилог ви ги претставуваме техниките за правилно четкање на забите според Здружението на стоматолози во Америка:

Најчести знаци дека имате камен во бубрезите

Бубрежните каменчиња се едни од најчестите причини за бубрежно заболување. Тие се создаваат како резултат на генетска предиспозиција, но често се поврзани и со присуство на хронична инфекција на уринарните патишта, како и нарушувања во метаболизмот на калциумот,  фосфорот и уреатите. Многу често бубрежни каменчиња имаат луѓето со генетска предиспозиција, кои во семејството имаат членови кои заболеле од оваа болест, но воедно како важни ризик фактори се сметаат намалениот внес на течности, пред сè водата, како и дебелината, намалената физичка активност, исхраната богата со сол и белковини. Најчесто камењата во бубрезите во почетната фаза не покажуваат никакви симптоми. Меѓутоа, и лесното поместување на бубрежните каменчиња може да предизвика страшни болки кои многу често се споредуваат со болките кои жената ги има за време на породувањето.

Тенисот – спорт кој го зајакнува телото, но и психата

Овој спорт се препорачува за одржување на кондицијата, силата и подготвеноста на телото. Ретко која спортска активност може истовремено и физички, ментално и емоционално да му користи на човекот.

Многумина сметаат дека тенисот е спорт со кој можете да се занимавате во текот на целиот живот бидејќи рекреативно можат да играат и најмладите, но и возрасните. Освен што ќе се дружите на теренот, тенисот се препорачува и за одржување на кондицијата, снагата и подготвеноста на телото.

Топлото време го изморува срцето

Летото е тест за луѓето со коронарно артериско заболување, висок крвен притисок, срцева слабост. Високите летни температури над 30 степени предизвикуваат ширење на крвните садови на кожата. Тоа е нормален механизам што води до поинтензивна циркулација во кожата и соодветно на тоа организмот се лади преку потта. Тоа често причинува загуба на течности, а може да доведе до дехидрирање на телото. Обилното потење ја зголемува вискозноста на крвта. Згуснатата крв многу потешко се движи низ крвните садови и со тоа дополнително го оптоварува срцето, затоа што од него се бара многу повеќе сила и моќ да ја испумпа крвта и да ја раздвижи во другите делови на телото. Затоа луѓето кои имаат слабо срце чувствуваат умор, истоштеност и немаат сила за извршување на секојдневните активности.