Рузмарин – билка за душата и телото

sistina

Ароматичниот рузмарин е уште една билка во низата „бисери“.  Старите Грци оваа билка ја посветиле на божицата Афродита. Унгарската кралица Елизабета ја користела за подмладување, а денес не знаејќи ги нејзините лековити својства најчесто се користи како декорација за свадби. Уште одамна се верува дека неговите иглички ја ублажуваат болката, па луѓето оваа билка ја ставале директно на раните.