Дали имате проблеми со кожата?

Кожата е најголемиот орган на нашето телото. Таа има улога да ја заштити внатрешноста на телото од надворешните влијанија. Составена е од жлезди, крвни садови и нерви кои се битни во одржувањето на нормалните функции на организмот. Многу често се случува разните заболувања и инфекции  да се одразат и на кожата. По одредени испитувања на кожата, докторите полесно можат да го дијагностицираат потеклото на болеста.

Ракот на тестисите најчест кај младата популација

Во најголем процент (над 95 %) туморите на тестисите се со малигни карактеристики и најчесто ја зафаќаат помладата машка популација, до 40-тата година од животот. Поради специфичноста на регијата и органот мажите обично подоцна ја забележуваат промената или за истата молчат и најчесто доцна се јавуваат на лекар. Заради тоа на мажите им советуваме да се јават кај уролог веднаш  штом ќе забележат каква било промена на тестисот. Како и за секоја малигна промена така и за туморите на тестиси најбитна е раната дијагноза  и што порано почнување со соодветна терапија.