Превенирајте ги болките во грбот
Едно американско истражување вели дека 8 од 10 Американци имаат болки во грбот во одреден период од нивниот живот. Еве неколку совети како да го заштитите и подобрите здравјето на вашиот ’рбет.
4 начини да се ослободите од болката во вратот
Цел ден седите над тастатурата и почнувате да чувствувате вкочанетост во вратот. Двапати замавнувате со рекетот по топчето и веднаш почнува да ве боли рамото. Седите во незгодна положба долго време и се јавува тензија во грбот.
Вкочанетите мускули најчесто заздравуваат по ден или два дена одмор. Но, доколку постојано ви се јавува болката, особено во пределот на рамената, вратот и ’рбетот и буквално не можете да го ставите прстот на местото каде најмногу ве боли, тогаш можно е да имате точка на воспалување (trigger point).