Опасноста од депилирање на интимната зона

Депилацијата на интимните делови понекогаш носи одредени ризици за кои морате да бидете свесни. Имено, на овој начин доаѓа до иритирање на кожата која на овие делови и така е осетлива, па се зголемува ризикот од појава на инфекции и пренесување на полови заболувања. 

Запомнете, влакната на телото имаат своја функција. Тие ја штитат кожата од разни повреди, бактерии и инфекции, посебно во летниот период кога интимната регија ја покриваат шорцевите и костимите за капење. Поради тоа, кога во текот на летото ќе ги отстраните овие влакна, кожата останува незаштитена и на неа се јавуваат ситни отвори како резултат на зачестените инфекции.

Аеробик во вода

Традиционалниот аеробик е познат веќе долги години. Тој ги комбинира ритмичките вежби за истегнување и зацврстување на телото. Но, неодамна се појави еден нов вид аеробик кој се изведува во вода, односно во базен. Познат е како аква аеробик или аеробик во вода. Овој вид вежбање има и позитивни и негативни страни во однос на класичниот аеробик.

Супер храна за здравје

Јагоди

Јагодата содржи витамин К, кој на многумина им недостасува. Овој витамин игра значајна улога во зајакнувањето и одржувањето на здравјето на коските. Јагодите се богати и со омега 3. Само една шолја јагоди содржи 5% омега 3 масни киселини, а помагаат во регулирањето на високиот крвен притисок и  згрутчувањето на крвта.

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи високо ниво на фенол кој го поттикнува доброто расположение. Сепак, треба да се зема во мали количини бидејќи има многу калории.

Тест за андропауза

Како што годините поминуваат така и мажите претрпуваат хормонални промени, период наречен андропауза. Исто како и кај жените кои поминуваат низ менопауза, така и мажите поминуваат низ период на промени кои, за среќа, се помалку забележителни. Во овој период доаѓа до опаѓање на нивото на хормонот тестостерон, се забавува работата на метаболизмот, а се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Овие промени можат значително да влијаат врз сексуалниот живот, расположението, концентрацијата и здравјето на простатата.