Дентални импланти за совршена насмевка
Денталните импланти во последните 25 години доживеаjа голем напредок како во однос на формата така и на квалитетот претставувајќи совршена алатка за замена на природните изгубени заби од различни причини. Сите имплантни системи се изработени од висококвалитетен титаниум со различен процент на чистота и обложени се со тенок филм на површината кој овозможува 100 процентна остеоинтеграција ( врзување) на истиот со виличната коска. Поставениот имплант го надоместува изгубениот забен корен и го превенира натамошното губење на коскено ткиво.
8 Промени на јазикот кои укажуваат на одредени заболувања
Кога докторот ќе ви каже да ја отворите устата и да го извадите јазикот тој веќе на прв поглед добива некои основни информации за вашето моментално здравје. Во кинеската медицина се учи дека јазикот укажува на сите болести на телото. Доколку не сте сигурни што ви се случува со јазикот, најдобро би било да посетите оториноларинголог.
Подолу наведуваме неколку промени на јазикот кои укажуваат на одредени неправилности.
4 најчести прашања и одговори за акните
Акните како најчест проблем на кожата се јавуваат кај 85 % од младата популација, но може да се забележат и кај повозрасните лица меѓу 30 и 40-годишна возраст. Во пубертет или подоцна акните претставуваат голем естетски проблем. Во продолжение ви одговараме на најчестите прашања за акните.
Дали треба да уринирате во базен?
Секое лето некои пливачи, не само деца, се соочуваат со еден збунувачки проблем. Што да правите кога имате нагон на уринирање додека сте во вода?
Дали да го направите тоа или не?
Секој пливач порано или подоцна се соочува со оваа одлука. За што ќе се решите, останува на вашата совест. Еве неколку факти кои ќе ви помогнат.
Урината е 95% вода
Останатите 5% вклучуваат нуспроизвод од варењето, од типот на: