Состојки во храната од кои морате да бегате подалеку
Пред да купите некој производ во маркетот се препорачува да погледнете што пишува на задната страна од пакувањето, таму всушност пишува што содржи тој производ. Доколку забележите некој од следниве додатоци, избегнувајте ги бидејќи тие се и повеќе од нездрави.
1. Вештачки засладувачи
Вистина е дека овие преработени засладувачи се поврзуваат со појавата на дијабетес тип 2 и зголемен внес на калории. Вештачките засладувачи се 700 пати послатки од природните и дополнително го зголемуваат копнежот по слатките. Внесот на овие супстанци не е ништо друго освен труење на организмот со хемикалии.