Лоши навики поради кои изгледате многу постаро!

Сон на секој човек  е да биде здрав, но и да изгледа убаво и младолико. Но, постојат одредени навики кои често ги практикуваме и не забележуваме колку ѝ штетат на нашата кожа. Применете ги овие правила и подмладете се.

Косата, огледало на карактерот

Долга, кратка, права или во кадрици, косата за повеќето жени е многу повеќе од сноп со влакна. Таа претставува израз на стилот и карактерот. Постојат истражувања кои велат дека косата и расположението се тесно поврзани. На пример, се будите наутро и не ви се допаѓа изгледот на вашата коса, тоа може да влијае врз целокупното расположение во текот на целиот ден. Проблемот губење на коса е застапен и кај жените и може да биде многу вознемирувачка состојба.