Здраво чоколадо

Многумина кога се на диета и сакаат да ја намалат телесната тежина на чоколадото гледаат како на „забрането овошје“. Сепак, верувале или не, тоа може да стане дел од нивната секојдневна исхрана, се разбира, под услов да не се внесува во големи количини. Најпрвин треба млечното чоколадо да го замените со темно чоколадо, со што ќе се потрудите да го купите тоа што содржи најголем процент на какао. Изборот на здраво чоколадо не само што претставува замена за млечното, во однос на задоволување на потребата за благо, туку може да содржи многу корисни состојки како што се антиоксидантите.