Дегенеративни состојби на вратот

Дегенеративните состојби на вратот ги загрозуваат цервикалните прешлени – седумте прешлени кои го формираат горниот дел од вашиот ’рбет, помеѓу градите и черепот. Кога една или повеќе од овие коски ќе се скршат, тогаш станува збор за цервикална фрактура. Обично оваа состојба може да доведе до силна болка во вратот. Други состојби поврзани со цервикалната фрактура или фрактура на вратот вклучуваат:

–          Повреда на мускулите
–          Изместување на дисковите меѓу прешлените
–          Оштетување на ’рбетниот мозок

Витални и по 65-тата

Годините не смеат да ве направат мрзеливи и да влијаат врз активностите кои секојдневно сте ги правеле кога сте биле помлади. Затоа, за повозрасните постојат специјални вежби кои ќе им ја одржат формата и ќе им го подобрат целокупното здравје.

Експертите велат дека кратката прошетка од триесетина минути е совршена за да се започне ваквиот стил на живеење.

Ризик фактори за остеопорозата

Што е остеопороза?

Остепорозата ги ослабува коските и го зголемува ризикот од појава на ненадејни фрактури. Последиците од скршениците понекогаш можат да бидат и многу сериозни.

Кои се причините за остеопорозата?

Остеопорозата е најчесто заболување кое ги напаѓа коските. Една од причините за појава на остеопорозата е намалувањето на нивото на естроген. Исто така, намалениот внес на калциум, намалената физичка активност, како и пушењето цигари можат да доведат до ова заболување.

КОНЕЧНО: Неколку причини зошто ни опаѓа косата

Доколку губите повеќе од 100 влакна од косата во денот, во период од два, три месеци, тогаш ситуацијата е загрижувачка. Еве неколку фактори кои имаат удел во губењето на косата:

Есен

За време на летниот период постојаното изложување на сонце предизвикува зголемен раст на косата, а токму поради тоа таа опаѓа со поголем интензитет во текот на есента. Новите фоликули кои ќе ги заменат старите влакна се формираат во септември и октомври, а таквите фази траат околу шест недели.