Како до поздрави и поцврсти коски?
Правилната исхрана е првиот чекор до поздрави и поцврсти коски. Тука пред сè се мисли на тоа дека е потребно дневно да се внесуваат по 1.000 милиграми калциум по пат на исхрана. Најдобриот извор на калциум се млечните производи со ниско ниво на масленост како што е јогуртот. Но, исто така богат извор на калциум се и лососот, сардините, зелениот лиснат зеленчук (брокули, кељот, спанаќот), сувите сливи и смоквите. Темнозелениот зеленчук, како спанаќот и кељот, во количество од една чаша содржат 100 милиграми калциум.
Зошто треба длабоко да дишеме?
Толку сме зафатени со брзиот начин на живот што ретко размислуваме околу неговиот квалитет. На крајот на денот сите сакаме да се опуштиме и да имаме мирен сон. Покрај тоа, ние треба да го заштитиме нашето здравје од секојдневниот стрес, депресијата, зголемениот крвен притисок и срцеви заболувања.
Со ваквиот забрзан живот должни сме секој ден да практикуваме да дишеме длабоко со цел да го одржиме балансот меѓу работата и животот. Длабокото дишење е една од најважните вежби за опуштање и освежување на телото. Пред сѐ, се работи за многу лесна и едноставна метода. Сѐ што треба е да седнете во опуштена положба, потоа длабоко да вдишете, како да медитирате. Оваа вежба нуди многу здравствени бенефиции.
Срцевоболните треба да обрнат внимание на симптомите на депресија
Истражувањата велат дека депресивните луѓе се поподложни на срцев удар. Зошто?
Хроничната депресија и анксиозност го подигнуваат нивото на стрес хормони кои циркулираат во телото. Овие хормони предизвикуваат стегање на крвните садови, а со тоа се забрзува работата на срцето. Крајниот резултат може да биде воспаление на артериите и поголема веројатност за формирање тромб.