Запрете го стресот! Сега!
Справувањето со стресот и расположението се многу тесно поврзани. Доколку знаете да се справите со стресот нема да дозволите покачување на крвниот притисок, зголемување на нивото на шеќери во крвта итн. Употребете ги овие стратегии за смирување со цел да го запрете стресот.
Следниот пат кога ќе бидете многу нервозни земете гума за џвакање. Според истражувањата, гумите за џвакање ја намалуваат анксиозноста и стресот. Едни велат дека ова се случува бидејќи ритмичкото дејство на џвакањето го подобрува дотокот на крв до мозокот, други, пак, сметаат дека мирисот и вкусот на гумата за џвакање му помагаат на телото да се опушти.
Зошто го губиме апетитот кога сме болни?
На сите ни е добро позната ситуацијата кога телото ќе се предаде на вирусите и бактериите, па во моментите кога му е потребна најмногу енергија и хранливи состојки, едноставно остануваме без апетит и гладуваме. Тогаш дури и највкусната и омилена храна го губи својот вкус.
Една поговорка вели јади кога си настинат, а гладувај кога имаш температура, додека, пак, експертите сметаат дека ниту гладувањето, ниту прејадувањето нема да го забрзаат процесот на заздравување.
Заштитете се од следниве повреди
Останете во игра и научете како да го слушате вашето тело со цел да избегнете повреда.
Повредите кои се јавуваат како резултат на „истрошеност“ на мускулите, тетивите и зглобовите можат да значат крај за физичката активност на многу луѓе, од професионалните спортисти до аматерите. Постојаниот притисок на овие делови од телото може да доведе до болни колена, изместени потколеници, тениски лакот итн. Сите овие проблеми се случуваат кога пробуваме да направиме премногу, да употребиме преголем напор за многу кратко време. Исто така, недоволниот одмор и слабата опрема можат да доведат до оваа состојба.
Дали ги ставивте под контрола симптомите на алергија?
Доколку постојано го правите алргискиот поздрав (триење со раката надолу нагоре по носот), најверојатно, одговорот е не. Овој потег на ставање на раката на врвот на црвениот и растечен нос е најчеста појава кај децата. Еве уште неколку знаци и причини поврзани со алергиите: