Кламидија

Кламидијата е една од најчестите полово преносливи болести. Оваа инфекција може многу лесно да се шири бидејќи не предизвикува симптоми.

Како да знам дека имам кламидија?

Најчесто симптомите не се секогаш очигледни, но најчесто се појавуваат во период од една до три недели по контакт со инфицирано лице.

Ризиците од високиот холестерол

Високиот холестерол предизвикува стеснување и стврднување на артериите, состојба која се нарекува атеросклероза. Оваа состојба прогресира бавно и најчесто без рани симптоми. Но, може да доведе до многу компликации вклучувајќи срцев удар и мозочен удар.

Вишокот (LDL) лош холестерол може бавно да се наталожи на ѕидовите на артериите. Потоа, во комбинација со триглицеридите, остатоците од калциумот, остатоците од губитокот на клетките и фибринот формираат плак. Овие плакови ги стеснуваат и стврднуваат крвните садови.

Неколку прашања и одговори за проблемите со вашиот изглед

Зошто имам споени веѓи?

Кај некои девојчиња се јавуваат влакна меѓу веѓите. Феноменот „залутани влакна“ на лицето не е опасен и најчесто е наследен.

Кубењето на овие влакна може да помогне за подобар изглед во наредните неколку дена или недели. За влакната околу усните и оние на брадата се користи депилаторска крема за лице. Ласерското отстранување на овие влакна е трајно решение.

Неколку работи за кои е докажано дека се митови

Немате потреба да ги броите чашите вода кои треба да ги испиете. Истражувањата покажаа дека луѓето кои посегнуваат по чаша вода кога се жедни ја внесуваат доволната количина вода во денот. Покрај тоа, тука се и супите, зеленчуците, овошјата, чајот, кафето, кои ги надополнуваат течностите кои му се потребни на вашето тело. Кога ќе забележите дека вашата урина има темно жолта боја, кога не одите редовно во тоалет или кога сте премногу активни, треба да пиете повеќе вода.