Вкусен есенски рецепт – печени јаболки со цимет
Рецепт за дијабетичари
Јаболкото е овошје кое изобилува со многу витамини и минерали. Можете да го најдете во текот на сите годишни времиња, но, сепак, најслатко и најубаво е во есен бидејќи есента е сезона на јаболките. Освен што е едно од нај консумираните и најпознати овошја кај нас, овој плод со себе носи и многу здравствени бенефиции бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта, го намалува ризикот од многу други болести и, како што сите знаете, помага во одржувањето на саканата тежина. Јаболкото е исклучително богато со минерални материи ( калиум, калциум, фосфор, натриум, железо, и др) и витамини ( од групата Б, Ц, Е, ПП и фолна киселина).
ОСТЕОПОРОЗА – Кога коските ќе ослабат и попуштат
Остеопорозата е заболување на коските кое ја намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Скршениците на коските кај овие луѓе можат да се случат и при најмала траума или оптоварување. Најчесто скршениците се случуваат на прешлените на ’рбетниот столб, бутната коска или рачниот зглоб. За најчестите ризик фактори, дијагнозата и третманот на остеопороза разговаравме со докторите од спиналниот центар при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
4 можни виновници за мистериозната хронична кашлица
Понекогаш кашлицата може да се задржи подолго време и да предизвика непријатно чувство. Постојаната кашлица која се јавува без некоја јасна причина пулмозлозите ја нарекуваат „мистериозна кашлица“ или хронична и идеопатска кашлица.
Околу 10% до 20% од популацијата во некој период од животот имале кашлица која траела повеќе од 8 недели. Оваа кашлица е хронична и може да биде многу непријатна и фрустрирачка.