Како да се ослободите од негативните мисли?

Нашиот ум треба да ни биде сојузник, а не непријател!

Едно од најголемите прашања со кои се соочуваат многу психотерапевти и советници е како да го скротите вашиот ум и да го претворите во сојузник наместо непријател.

Нашите секојдневни маки и грижи, пред сѐ, се од психичка природа. Се грижиме до мера на опсесивност. Нè гонат некои дамнешни проблеми, но се грижиме и за проблемите со кои допрва треба да се соочуваме. Луѓето постојано си поставуваат прашања од типот што не е во ред со мене? Што ќе ми се случи? Како ќе се извлечам од оваа ситуација?

Бенките – знак на убавина или опасност?

Меланомот на кожата потекнува од клетките наречени меланоцити кои се богати со пигмент и придонесуваат за интензитетот на бојата на кожата. Најчести ризик фактори за негова појава се: светол тен и пеги од прекумерено изложување на сонце, необични бенки, семејна историја, чести изгореници од сонцето, ослабен имунитет. Овој тип карцином почесто се појавува кај луѓето со посветол тен, светла коса и очи, но не ги избегнува ни луѓето со потемен тен. Тој може одеднаш и без предупредување да се појави на нормална кожа, како и на постоечките бенки. Тимот дерматолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат дека е важно добро да го познаваме нашето тело, да ја знаеме поставеноста на бенките и нивниот изглед.

Здравје од чинија – тиква

Тиквата не треба да се запоставува во секојдневната исхрана. Таа е богат извор на витамини и минерали. Сиромашна е со калории и е лесно сварлива. Содржи 90 % вода, 1,1 отсто белковини, 0,1 отсто масти и 5,5 проценти јагленохидрати. Бидејќи има многу мала енергетска вредност, особено е препорачлива за лицата со зголемена телесна тежина и за дијабетичари. Таа е добар диуретик, а се препорачува и при проблеми во желудникот, кога имате  потешкотии во цревата, псоријаза. Ја зајакнува заштитната обвивка на нервите и делува смирувачки. Облоги од свежо изрендана тиква можат да се користат за ублажување на тегобите кај проширени вени.

Денталната грижа за време на бременоста

Доброто орално здравје во текот на бременоста е од витално значење за вас и вашето бебе. Бременоста го зголемува ризикот од развивање на разни болести на непцата, а оралното здравје може да влијае врз развојот на вашето бебе, додека инфекциите на забите се поврзуваат со предвремено породување.