Спречете ја настинката и зајакнете го имунитетот!
Есента е годишното време на вирусите. Тие постојано демнеат и ги напаѓаат оние кои имаат послаб имунитет. Седењето долги часови во затворени простории не можеме да го избегнеме, но затоа можеме максимално да се заштитиме. Ви препорачуваме да го зајакнете имунитетот и да го подобрите вашето здравје.
Волшебна есенска напивка
Започнете го денот со оваа волшебна напивка. Вистинска енергетска бомба која ќе ве расони и ќе ви ги обезбеди сите потребни минерали и витамини за добро функционирање во текот на работниот ден. Сокот од цвекло содржи компоненти кои го подобруваат крвотокот, помагаа во регулирањето на крвниот притисок, телото подобро реагира на физичките вежби, така што го балансира кислородот и ја зголемува енергијата и физичката сила кои се потребни за вежбањето. Овој сок е еден од најбогатите избори на антиоксиданти и нитрати. Нитратите се познати по тоа што го подобруваат крвотокот во целото тело – вклучувајќи ги главата, срцето и мускулите.