Неколку здрави совети
Премногу туширање не е здраво
Дерматолозите предупредуваат дека капењето минимум двапати во денот, дури и со обична вода не е здраво за вашата кожа. На тој начин го отстранувате природното масло кое на кожата ѝ служи како заштита.
Дали да вежбате со настинка и грип?
Дојде периодот на настинки и грип. Доколку сте настинале и се прашувате дали да продолжите со тренингот, одговорот е не! Но, секако, не ја заборавајте оваа добра навика. Веднаш стопирајте со тренингот доколку сте настинати. Телото треба да ја зачува енергијата и да ја насочи кон подигнување на имунитетот. Но, имајте на ум дека со прекинување на тренингот се намалува производството на глутамин (есенцијална амино-киселина) која е неопходна за да се зајакне имунолошкиот систем.