Атлетско стапало

Атлетско стапало е името на инфекцијата која се јавува на кожата на стапалото помеѓу прстите, но може да се прошири и на другите делови на стапалото и ноктите. Оваа болест името го добила бидејќи многу често се јавува кај спортисти кои поголем дел од денот го поминуваат во спортски обувки и ногата им се поти, па настанува инфекција. Оваа состојба предизвикува и габични инфекции кои најдобро се развиваат во влажни услови. Кога ногата е отечена бактериите можат да се размножат и да ги влошат симптомите, а со тоа да го отежнат процесот на лечење. Третманот на габичните инфекции на стапалото знае да биде долг и тежок процес.

Зелен чај за спортисти

Зелениот чај е богат со антиоксиданси и може многу да им биде од помош на спортистите.  Во една студија истражувачите седум дена го проучувале внесувањето на зелен чај кај спортисти, а резултатите покажале дека внесот на зелен чај ги намалува слободните радикали по тренингот за 64%, а истовремено го зголемува полифенолот во крвта за 27%. Па затоа се препорачува зелениот чај да биде дел од исхраната на секој спортист.  Зелениот чај има антивоспалителни својства и го забавува стареењето на кожата.