Моќта на морската сол
Природната морска сол е здрава и има тераписки својства. Пред да ви откриеме некои од нејзините својства морате да го знаете податокот дека таа настанува како резултат на природните процеси на испарување на солената вода, при што сите нејзини состојки остануваат сочувани. Морската сол благодарение на повеќе од 80 елементи во својот состав делува чудотворно на здравјето на кожата и косата.
Што треба да знаете за Омега 3 масните киселини
Зошто се викаат добри масти?
Сите масти не се штетни. Омега 3 масните киселини се „добри“ масти. Помагаат во намалувањето на ризикот од појава на срцеви заболувања, депресија, деменција и артритис. Вашето тело може да ги создаде. Можете да ги внесете преку исхраната или да земате суплементи.
Постојат 3 типа Омега 3 масни киселини
Омега 3 мастите се јавуваат во три форми. DHA и EPA, кои може да ги внесете со конзумирање риба, се од големо значење за здравјето. Третиот тип, познат како ALA, се наоѓа во растителните масла, ленено семе, ореви и темно лиснат зеленчук како спанаќ.