Една чаша топла вода наутро, одличен потег за вашето здравје
Првата работа што треба да ја направите наутро е да внесете една чаша топла вода. Еве и зошто?
Топлата вода го подобрува дигестивниот систем. Грчевите и подуеноста најчесто се предизвикани од недостиг на вода во организмот. Затоа, една чаша топла вода наутро, на празен желудник ќе ја поттикне работата на цревата и ќе му помогне на организмот нормално да функционира.