Есенски дар на вашата трпеза – Јапонско јаболко

Јапонското јаболко е витаминска бомба која ги задоволува потребите од витамини и минерали  кои на телото му се потребни во овој период од годината. Ова портокалово овошје кое потекнува од Кина изобилува со витамин А, Ц, бета комплекс, бета-каротен, ликопен, лутеинн, криптоксантин.  

Со внесување на потребните состојки со кои јаболкото изобилува нашиот организам се заштитува од актуелните настинки и грип. Редовното консумирање го зајакнува имунитетот.

Црвеното месо предизвикува срцеви заболувања

Заситените масти кои се наоѓаат во црвеното месо честопати се поврзуваат со појавата на срцеви заболувања. Новите истражувања откриваат дека мастите не се единствената причина за нивна појава.

Новите истражувања потврдуваат дека бактериите кои нормално ги има во црвената слузокожа го претвораат протеинот карнитин (кој го има во големи количини во црвеното месо) во материја што го забрзува процесот на стврднување и задебелување на ѕидовите на крвните садови.