Вистината за болката во грбот
Внимавајте кога кревате тешки предмети. Застанете пред предметот кој треба да се крене со исправен грб и глава, па товарот да падне на вашите нозе. Не го превиткувајте телото додека го подигнувате предметот, тоа може да му наштети на вашиот грб.
Велат дека одморот е најдобриот лек за болката во грбот. Има вистина во тоа, но доколку се работи за акутна болка или вирус кој предизвикува болки во грбот. Немојте да останувате подолго време во кревет бидејќи тоа може да му наштети на грбот.
Неколку совети како да го скротите бесот
Cекојдневното темпо со постојаната трка по успех и пари остава последици кај секого од нас, особено на психичкото здравје. Последиците од стресните состојби, кратките рокови, постојаниот притисок се рефлектираат во нашето секојдневие. Бесот е нормално, дури и здраво чувство – но многу е важно да се справите на позитивен начин. Неконтролираниот бес може да влијае врз вашето здравје и односите со луѓето. Д-р Владимир Ортаков, невропсихијатар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, ви предлага 10 начини да го скротите вашиот бес.