10 ризик фактори за карцином на дојка

Пол: Карциномот на дојка најчесто се јавува кај жени, додека застапеноста кај мажите е помалку од 1%.

Возраст: Карцином на дојка се јавува кај жените над 50-годишна возраст, додека поретко се јавува кај жени под 35 години. Во САД од 2000 до 2004 година карцином на дојка бил присутен кај 25 од 100 илјади жени на возраст од 30-34, кај 190 од 100 илјади жени на возраст од 45-49, и 455 од 100 илјади жени на возраст од 70-74. Наследниот карцином на дојка или карцином на дојка предизвикан од генетски нарушувања најчесто е присутен кај помладите жени.

Од замастен црн дроб до цироза

Масната болест на црниот дроб е предизвикана од зголемена акумулација на масти. Оваа состојба може да доведе до сериозни оштетувања на црниот дроб – црно дроб на цироза. Стеатозата на црниот дроб е многу честа состојба. Застапеноста на оваа состојба варира од 10-24% во различни области во светот. Кај угоени личности е застапен во 75%. Поголемиот број пациенти со масна болест на црниот дроб немаат никакви симптоми и таа состојба не го оштетува црниот дроб. Најраната фаза на оваа болест се нарекува масен црн дроб или стеатоза.

Зачините во исхраната

Кога готвите храна често користете миризливи, ароматични и антиканцерогени зеленчуци, зачини, како што се кромидот, лукот, нането, магдоносот, рузмаринот, ѓумбирот, босилекот, куминот, анасонот и др. Освен што даваат убав вкус на јадењата, тие се многу корисни и за нашето здравје. Лековитата моќ се користела уште многу одамна, а денешните истражувања само го потврдиле нивното позитивно дејство.