Храна која го намалува ризикот од канцер

Бројни истражувања ја откриваат врската помеѓу исхраната и канцерот. Храната може да има позитивно или негативно дејство. Храната која истовремено содржи канцерогени и антиканцерогени состојки може да биде многу ризична во зависност од тоа како се подготвува или како се чува. Од друга страна, со правилен начин на приготвување, канцерогеното влијание на некоја храна може да биде без ризични хемикалии. Токсичните хемикалии кои предизвикуваат уништување на клетките, а со тоа и појава на канцер се познати како оксиданси. Некои хранливи материи, листови, цветови, плодови и семиња на некои растенија кои се додаваат во храната содржат корисни антиоксиданси, кои ги штитат клетките од оксидансите. Тие се познати како антиоксиданси. Предупредување! Доколку обрнете внимание на исхраната и доколку не пушите, можете да ја спречите појавата на канцер. Храната се смета за една од главните причини за многу видови канцер, како што е канцер на желудник, дебело црево и ректум, црн дроб, панкреас и на простата.

Ишијас

Ишијасот е болка која  зрачи низ  ишијадичниот нерв (n.ischiadicus), голем нерв чии корени почнуваат во   долниот дел на грбот и продолжуваат кон задните делови на нозете. Иако ишијасот може да биде многу болна состојба, ретко се случува да предизвика трајно оштетување на нервите. Ишијасот најчесто е предизвикан од воспаленија кое се јавуваат како резултат на компресија на еден од нервните корени и обично болката поминува по неколку недели.