Хемивертебра

Хемивертебра е вид на вродена аномалија што се јавува како резултат на недостиг на формирање на половина прешлени од `рбетниот столб. Најчесто едната половина од `рбетниот прешлен  е делумно или целосно развиена, додека другата изостанува. Како резултат на недостатоците во развојот на `рбетниот столб, се развива искривување на `рбетниот столб: кифоза, сколиоза или лордоза. Најчеста локализација е торакалниот `рбет. Невролошките испади (парализа на нозете, нарушена дефекација и болка) се појавуваат поради: ангулација или стеснување на `рбетниот канал, нестабилност на `рбетот, исчанчување или скршеница на прешленот.Најпознат синдром од оваа малформација е Клипел Феил (Klippel Feil)- сраснување на вратни прешлени.