Сочувајте го здравјето на срцето, внимавајте на холестеролот
Срцето е орган кој игра главна улога во телото на човекот. Одговорно е за протокот на крвта низ органите и клетките во организмот. За жал, токму заболувањата на срцето, особено коронарната артериска болест, се водечка причина за смртност во општата популација. Инфаркт на срцето, како и наглата срцева смрт можат да се случат без претходно да се манифестираат позначајни симптоми.