За добар зимски сон

Во текот на зимата потребни ни се 8-9 часа квалитетен одмор за обновување на силите, но не заборавајте дека сонот подолг од 10 часа може да му наштети на нашиот организам. За да се чувствуваме добро и во зима, мора да внимаваме на нашиот сон. Пред да си легнете проветрете ја собата во која спиете, потоа внимавајте на влажноста на воздухот и висината на перницата.