Амниоцентеза

Интервју д-р Митко Ивановски, спец. гинеколог-акушер од Клиничката болница Аџибадем Систина

Според податоци на Светската здравствена организација, дури 10 проценти од амбулантските и 20 проценти од сите болнички лекувани пациенти носат наследен фактор како причина за своите тегоби. Една од методите за рано откривање на дел од нив е и амниоцентезата, која насекаде низ светот се прави на доброволна основа и тоа уште за време на бременоста. Зашто ризикот од хромозомопатии, а пред се Даунов синдром, пополека се зголемува со возраста на мајката (парот). Кај 35 годишна жена ризикот е околу 1 од 200 новородени. Во повеќе земји стандардно се препорачува амниоцентеза кога идната мајка е на возраст на над 35 години. Во помал број земји, како на пример, Франција се препорачува над 38 годишна возраст.