Несоницата не поминува сама
Се мачите да заспиете веќе со недели и месеци и секој ден се прашувате кога ќе помине овој кошмар. Сѐ додека не почнете да делувате во вистинската насока и сериозно да посветите внимание на овој проблем, несоницата ќе ве измачува во недоглед. Прочитајте неколку факти и митови што ќе ви помогнат да ја дознаете вистината за проблемот со спиењето.
Митови за кофеинот
Кофеинот е дел од нашето секојдневие и ритуал со кој се почнува денот. Додека го подготвувате утринското кафе прочитајте неколку митови за кофеинот што ќе ви помогнат да дознаете повеќе информации за неговите позитивни влијанија, но и несакани ефекти во случај кога ќе ја надминете дневно препорачаната доза.