Сè што треба да знаете за туларемија
Д-р Билјана Ќурчиќ Трајковска, специјалист по микробиологија од „Аџибадем Систина“ специјално за вас подготви информативен текст – сè што треба да знаете за туларемија. Со оглед на нејзината зачестеност, дознајте што ја предизвикува, како се дијагностицира и како се пренесува.
Што е туларемија?
Туларемија e зооноза – тип на инфекција штосе пренесува од животни на луѓе. Предизвикана е од бактеријата Francisella tularensis,која напаѓа многу животни, особено мали глодари, зајаци, птици, мали цицачи. Оваа бактерија е многу инфективна затоа што се доволни до десет бактерии за да се предизвика инфекција. Застапена е во сите земји на северната хемисфера.