Знаци на аутизам кај децата

Драстично е зголемен бројот на новодијагностицирани случаи на аутизам, но под оваа дијагноза многу често се провлекуваат и други невроразвојни растроства како што се: интелектуална попреченост; специфични растројства во учењето-дислексија, дисграфија, дискалкулија; диспраксија или пореметување на моторната координација; говорни нарушувања и психосоцијална депривација. Овие лица многу често имаат стереотипни движби, склоност кон изолација од околината и многу ограничен спектар на интерес за надворешниот свет. За тоа како да препознаете аутистичко дете одговор ни даде д-р Анета Демерџиева, педијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.