Нема невозможна мисија
Детски витраж цртежи на влезната врата, катче за игра, јунаците од цртаните филмови како слики по ѕидовите, соби кои личат на хотелски, специјално дизајнирани и уредени за најмладите, мини библиотека, насмеани сестри облечени во униформи со бубамари и пеперуги… Ова е првата слика што ќе ве сретне откако ќе влезете во новиот педијатриски оддел во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој почна да работи неодамна по теркот на најреномираните педијатриски центри во светот.